1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доаѓа Плејстејшн 4

ЕМФ/ртр21 февруари 2013

Колку ќе чини новата конзола на Сони се‘ уште не е познато, но таа на пазарот треба да се појави пред Божик. Сони се надева дека со најавата за PlayStation 4 ќе го исфрли „од игра“ конкурентот Мајкрософт.

https://p.dw.com/p/17ioC
Фотографија: dapd

Новата конзола за игри, која беше презентирана во Њујорк, треба да му обезбеди на Сони предност пред конкуренцијата. PlayStation 4 на пазарот ќе се појави цели седум години по „тројката“. Концернот го најавува новиот производ цели десет месеци пред тој да се најде во продавниците, што, како што се вели, е превентивен удар. Имено, конкурентот Мајкрософт в лето треба на пазарот да ја извади новата верзија на Xbox. Освен тоа, Сони се обидува да се „држи“ во времиња на силна конкуренција од смартфони и таблет-компјутери. На Јапонците итно им е потребен успешен производ, зашто бизнисот со телевизори одамна предизвикува главоболки.

Новиот апарат на Сони има неколку новини. „Џојстикот“ на PlayStation 4 ќе има камера и тачпед, а и мрежното поврзување треба да биде поедноставно. Имено, апаратот ќе може да се поврзе со секој апарат во канцеларија, како и со смартфоните и таблет-компјутерите, најави шефот на Сони за електроника за забава, Џек Третон.

Проблемот, меѓутоа, е во тоа што многу потенцијални купувачи веќе сега ги користат своите смартфони или таблет-компјутери за да играат игри. Додека големите понудувачи на игри со конзоли како Сони, Мајкрософт и Нинтендо во текот на целата мината година продале околу 230 милиони апарати, само во последниот квартал од 2012 година се продадени 207 милиони смартфони. Епл, Самсунг и компанија веќе сега имаат окупирано една десетина од 80 милијарди долари големиот пазар на игри, и тој удел се‘ повеќе се зголемува.