1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Длабока политичка криза во палестинското раководство

18 јули 2004
https://p.dw.com/p/AcMI
Палестинскиот премиер во оставка Ахмед Кореи
Палестинскиот премиер во оставка Ахмед КореиФотографија: AP

Оставката на премиерот Ахмед Кореи со оглед на хаотичната безбедносна состојба во појасот на Газа го турна палестинското раководство во длабока политичка криза. Денеска претседателот Јасер Арафат се обиде во 4-часовен кризен разговор во Рамала да го одврати Кореи од повлекување, но од лица блиски до Арафат се вели дека премиерот опстојува врз своето решение. Палестинскиот преговарачки министер Саеб Ерекат по средбата призна дека владее “тешка криза” во авотномните власти, која мора да биде надмината.

Причина за вчерашната оставка на Кореи се серијата киднапирања во појасот на Газа, извршени од страна на Ал Фатах – движењето на Јасер Арафат. Претседателот на Палестинците потоа нареди реформа на безбедносните сили и за нивни шеф го именува својот роднина Муса Арафат. Против ова решение дојде до делумно и насилни протести во појасот на Газа, зашто Муса Арафат го бие глас на корумпиран.

Вонредната состојба заведена од автономните власти во појасот ноќта во петок спроти сабота останува и натаму на сила. И покрај тоа, ноќеска илјадници Палестинци протестираа против именувањето на Муса Арафат. Во Кан Јунис маскирани лица запалија објект на безбедносните сили и од зградата ги протераа соработниците на Арафат. Протестите беа предводени од десетици членови на Бригадите Ал Акса, воено крило на Ал Фатах. Тиа најавија дека ќе им се одмаздат на корумпираните соработници на автономните власти. Локалниот водач на Фатах, Самир ел Машарави ја изедначи борбата против интерната корупција со борбата против израелската окупација.

Најавата на Арафат за реформи се толкува како знак дека претседателот сака со отстапки да го наведе премиерот да остане на функцијата. Арафат ја има контролата врз безбедносните сили и тој досега постојано им се спротивставуваше на вистински реформи и евентуално откажување од власт. Според палестинскиот политичар Суфиан абу Саида, именувањето на “една од најкорумпираните личности во автономните власти” за шеф на безбедносните сили претставува “непочитување на народот и неговите гледања”. Тој очекува натамошно заострување на протестите.

Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом предупреди дека експлозивната состојба во автономните палестински подрачја “не е добра за Израел”. Се‘ додека Јасер Арафат раководи, ќе трае анархијата, вели тој. Израелскиот премиер Ариел Шарон смета дека најновите настани се натамошен доказ за тоа оти на другата страна нема партнер за преговори.