Дијалог меѓу Албанците и соработка во регионот
16 септември 2008Реклама
Имер Селмани, поранешниот министер за здравство од ДПА и еден од основачите на синоќа промовираната партија Нова демократија, денеска (16.09.2008) го известил претседателот на Собраниието дека ќе настапува и ќе ја промовира програмата на новата партија. Заедно со него се и поранешниот министер за образование Сулејман Рушити и пратеникот Џебедин Зумбери.
Партијата, според Селмани, ќе води „инкклузивна политика“, што ќе води до дијалог меѓу Албанците и меѓу заедниците во Македонија.
Заложба на новата партија: Македонија да биде пријатно место за живеење, да постои добрососедство, соработка во регионот, и што поскор прием во НАТО и ЕУ.