1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дисл ја заврши кариерата

27 март 2006

Во неделата во Осло Дисл настапи за последен пат

https://p.dw.com/p/Aej0

По 16 години во светскиот врв, прославената германска биатлонка Уши Дисл и’ стави крај на блескавата спортска кариера. 9 олимписки медали, 8 титули светски првак, 30 победи во натпревари од светскиот куп, спортист на Германија за 2005-та година – тоа е накратко сумираниот биланс на нејзините постигнувања. Вчера таа го имаше последниот настап во Осло во финалето на годинашниот светски куп во биатлон, во кој севкупно е петтопласирана.

„Јас сум припадник на сојузната полиција, и таму ќе имам нешто да работам. Но, морам полека да го намалувам тренингот, значи и натаму ќе спортувам и се надевам дека в зима ќе можам да бидам присутна на настаните од биатлонот, но сега како експерт“ – вели 35-годишната Уши Дисл во однос на своите идни планови. АРД и ЦДФ - првата, како и втората програма на германската телевизија, радо би сакале да ја придобијат за себе во таква улога.