Директен судир на возови во Швајцарија
30 јули 2013
Непочитувањето на светлосната сигнализација најверојатно е причина за
несреќата во која едно лице загина, а 35 други се повредени. Несреќата се случи синоќа при директен судар на два воза во швајцарскиот град Гранж-пре-Маран во кантонот Во, соопшти локалната полиција. Според полициски извори, загинатиот е машиновозачот на еден од возовите, чие безживотно тело е пронајдено во кабината на неговата локомотива.
„Приоритетна верзија е непочитувањето на светлосната сигнализација од
машиновозачот на возот кој доаѓал од Пајерн“, изјави денеска порпаролот на
полицијата во кантонот Во, Жан-Кристоф Сотерел.
Расчистувањето на пругата продолжува и денеска. Собраќајот на пругата меѓу градовите Палезијо и Пајерн, како што соопшти претставник на локалната противпожарна служба, ќе остане во прекин се до целосното отстранување на остатоците од двата воза.
Несреќата се случи синоќа во 19 часот кога два воза, кои се движеле во спротивни насоки, кон и од Лозана, се судриле дирекно еден во друг.