Диполоматска офанзива за европскиот устав
17 јуни 2007Претпладнево канцеларката Меркел во замокот Месеберг крај Берлин го прими чешкиот премиер Мирек Тополанек. Чешка имено на почетокот покажуваше симпатии кон полската позиција, договорениот пакет реформи одново да се разгледа за да се промени моделот за гласање во корист на помалите и средни по големина држави на Унијата. Но во меѓувреме Прага се откажува од оваа идеја и го поддржува предвидениот модел за гласање.
Ставовите остануваат непроменети
Вчера Ангела Меркел се сретна и со полскиот претседател Лех Качински. Портпарол на германската влада доцна синоќа само излјавил дека четиричасовната срдба во замокот Месеберг минала во добра атмосфера.
На пат кон Варшава полскиот претседател Лех Качински на новинарите им изјави дека полските барања за ново редефинирање на начинот на гласање во ЕУ е непроменето.
„Во моментов двете страни остануваат на своите позиции, но убедени сме дека мора да бараме успешна формула за наредниот четврток и петок. Тоа е прашање на усогласување. По многу други прашања имаме исти позиции“ рече Лех Качински, кој на средбата со Меркел потенцирал и дека предложеното решение од полска страна веќе е компромис. Полска имено бара бројот на гласови кој го добива секоја европска држава во Европскиот совет да се определува според моделот: квадратен корен од бројот на населението на земјата.
Средбата со Јункер - лесен термин
Денеска попладне Меркел ги продолжува преговорите во Луксембург каде е планирана средба со премиерот на Жан Клод Јункер, што за канцеларката во споредба со другите средби е лесен термин. Имено Меркел со премиерот Јункер ќе ја разгледаат стратегијата за наредните денови. Јункер на минатите самити има одиграно клучна улога, а впрочем го подржува и ставот на канцеларката дека треба: „Да се преземе секој обид, сите да ги усогласат ставовите и никој да не тргне настрана.“ смета Меркел
За уставот дебатираат и министрите за надворешни работи
Во Луксембург вечерва се среќаваат и европските министри за надворешни работи. На средбата ќе се обидат да ги надминат сите пречки за усвојување на наследникот на европскиот устав.
На самитот на ЕУ наредната недела во Брисел, германското претседателство има намера, да поднесе обврзувачки план за натамошниот тек за усвојување на поедноставена верзија на европскиот устав, за кој треба да се спогодат сите земји членки на Унијата.