1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатски триумф на сирискиот претседател Ел Асад

Лудвиг Лајтхолд4 септември 2008

Во посета на Дамаск денеска доаѓаат францускиот претседател Саркози, турскиот премиер Ердоан и емирот од Катар. Подалечна цел на четвроната средба е склучување на мир меѓу Сирија и Израел.

https://p.dw.com/p/FB5N
ДамаскФотографија: Afraa Mohamad

Четворниот самит е од непроценлива вредност за меѓународно се’ уште изолираната Сирија. Турција ги овозможува индиректните контакти меѓу Сирија и Израел, Катар спречи граѓанска војна во Либан меѓу просириските и прозападните сили и посредуваше за приближување меѓу Сирија и Либан, а Саркози е прв државник од Запад кој доаѓа во Дамаск по повеќе години и има намера да ја врати Сирија во меѓународната заедница. Тој оцени дека Сирија игра позитивна улога во регионот. Веќе се зборува и за тоа дека е можно подобрување на односите и со Вашингтон, но откако Америка ќе добие нов претседател, посебно ако тој се вика Обама.

Сиријците знаат дека мир со нив е клуч за подобри односи на Израел и со другите во арапскиот свет. Предуслов е Израел да им ја врати окупираната и анектирана Голанска висорамнина.

„Нормални односи за нас значи врски како и меѓу другите држави – со амбасади, контакти, договори. За тоа треба да решат двете земји“ – вели сирискиот претседател Асад.

Но, јазот меѓу обичните луѓе нема толку бргу да биде надминат, силна е омразата, длабока недовербата. „Мир? Не можам да си замислам израелско знаме да се вее во мојата земја – никогаш, никогаш, никогаш“, категоричен е еден дуќанџија во Дамаск.