Димитров и Василакис на нова средба со Нимиц
10 јуни 2008Реклама
По подолга пауза во Њујорк продолжуваат преговорите за решавање на спорото околу името. Метју Нимиц, специјалниот посредник на ОН во грчко -македонските преговори за името, според најавите на 12 јуни во Њујорк треба да се сретне со преговарачите на двете земји, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Од канцеларијата на Нимиц потврдија дека средбата ќе се одржи во седиштето на светската организација.
По парламентарните избори во Македонија ова ќе биде прва средба на Нимиц со преговарачите на двете земји. Според најавите додека не се формира нова македонска влада, не се очекуваат некакви промени ниту пак компромис во однос на решавање на спорот со името.