1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК: Обработени 68,26 проценти од избирачките места

5 јуни 2011

Според 68,26% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии.

https://p.dw.com/p/11UqT
Фотографија: MIA

Од обработените податоци од гласањето во 2.056 избирачки места, односно 68,26 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 254.298 гласови, зад неа е СДСМ со 207.635 гласа, ДУИ има 67.668, ДПА 33.456, Национална демократска преродба 16.667, ВМРО-НП 16.436, Обединети за Македонија 9.594 гласови, Нова демократија 11.669, ЛДП 8.621.

На видео-бимот поставен во Прес-центарот на ДИК во Клубот на пратениците и на веб-страницата на Комисијата постојано се ажурираат податоците во согласност со резултатите што пристигнуваат од избирачките места.

Се’ уште нема најава кога ќе се одржи првата прес-конференција на ДИК, по затворањето на избирачките места во 19 часот.

Автор: АТ/ миа