ДИК: Обработени 48,47 проценти од избирачките места
5 јуни 2011Реклама
Од досега обработените податоци ВМРО-ДПМНЕ има освоени 156.805 гласа, СДСМ има освоено 125.188 гласа. ДУИ има освоено 40.641 глас, ОМ 5.904 гласа, ВМРО-НП 9.947 гласа, ДПА 18.423 гласа, ЛДП 4.942 гласа, а НДП на Руфи Османи 10.302 гласа. Ова се првичните информации на ДИК, а во меѓувреме се пребројуваат гласовите и од останатите избирачки места.
Се’ уште нема најава кога ќе се одржи првата прес-конференција на ДИК по затворањето на избирачките места во 19 часот. Се очекува претседателот на ДИК Борис Кондарко да ги соопшти првичните информации за излезноста на граѓаните и првичните неофицијални резултати од податоците што ги добива Комисијата.
Автор: АТ/ макфакс/ миа