ДИК: Излезноста до 13 часот - речиси 35 отсто
24 март 2013Најголема излезност е регистрирана во општина Вевчани - 60,52 отсто, во Кичево 52, 64 отсто, во Ранковце 51,30 отсто, во Демир Капија 51,28 отсто и во Македонска Каменица 49,88 отсто. Најмала е излезноста во општините Босилово 21,04 отсто и во Маврово 21, 12 отсто.
За локалните избори се поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. Најголем број кандидати за градоначалници има во Градот Скопје - девет, додека по двајца кандидати има во Кичево, Пласница и Центар Жупа. Најмногу кандидатски листи за советници има поднесено во Македонски Брод - 20 со 220 кандидати за советници, а најголем број кандидати за советници има во Градот Скопје - 405 каде има поднесено девет кандидатски листи за советници.
Изборите се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје. Во Единствениот избирачки список се запишани 1.743.403 граѓани, кои гласаат на 2.976 гласачки места.