1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Де Блазио е новиот градоначалник на Њујорк

ЖА/дв/миа6 ноември 2013

Њујорк има нов градоначалник, по 12 години мандат на Мајкл Блумберг. Бил де Блазио од Демократската партија освои убедливо мнозинство гласови.

https://p.dw.com/p/1ACqx
Фотографија: Reuters

Кандидатот на Демократската партија Бил де Блазио оствари убедлива победа на вчерашните избори за градоначалник на Њујорк, ставајќи крај на 20-годишното владеење на републиканците со најголемиот град во САД.

„Ти благодарам Њујорк“, напиша Блазио на својот профил на Твитер, набрзо по затворањето на гласачките места и објавувањето на резултатите од изборните анкети.

На градоначалничката функција Блазио во јануари ќе го замени милијардерот Мајкл Блумберг, кој веќе 12 години е прв човек на Њујорк. Сопартиецот на Блазио, Тери Маколиф победи на изборите за гувернер на американската сојузна држава Вирџинија, извојувајќи тесна победа над

републиканецот, Кен Кучинели. Маколиф, кој е поранешен престседател на Националниот комитет на Демократската партија и близок пријател на семејството Клинтон, освои 47 проценти од гласовите, додека за конзервативецот Кучинели се изјаснија 46 отсто од гласачите во Вирџинија.

Републиканците победија во Њу Џерси, каде нивниот кандидат Крис Кристи беше реизбран на гувернерската функција. Според се‘ уште нецелосните резултати, Кристи освоил 68 проценти од гласовите, додека неговиот главен противкандидат, демократката Барбара Буоно 30 отсто. Харизматичниот 51-годишен Кристи е еден од најпопуларните репибликанци и не е исклучено на изборите во 2016 да биде кандидат на Републиканската партија за претседател на САД.

Аналитичарите оценуваат дека резултатите од вчерашните избори за градоначалници во повеќе градови ширум САД и за гувернери на неколку сојузни држави, сепак повеќе се одраз на личните карактеристики на самите кандидати, отколку на општите политички тенденции во земјата и не можат да се сметаат за јасен показател за односот на силите пред изборите за Конгресот во ноември 2014 година.