1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици загинати при пад на минаре

20 февруари 2010

Најмалку 41 загинати и над 70 повредени при уривање на минаре на 400 години стара џамија во Мароко.

https://p.dw.com/p/M6na
Фотографија: AP

Најмалку 41 лице загинаа, а повеќе од 70 се повредени при уривањето на минаре на 400 години стара џамија што се случи синоќа во мароканскиот град Макнес, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи.

Минарето се урна за време на молитва во момент кога во џамијата имаше околу 300 лица. Државната телевизија Ал Ула јави дека уривањето е предизвикано од поројните дождови, кои го зафатија регионот изминатите денови. Стари објекти во старите квартови на мароканските градови се уриваат многу често, но уривањето на минарињата е многу ретка појава.

Мароканскиот крал Мохамед Шестти побара од владата во најкус можен рок да преземе мерки за обновување на џамијата, која е историски споменик на земјата.

Автор/ЖА/АТ/миа