Десетици деца загинаа во бродоломот кај Турција
6 септември 2012Најмалку 60 луѓе загинаа откако брод со над 100 илегални имигранти денескa (06.09) потона во Егејско Море во близина на градот Мендерес, во турската провинција Измир.
Властите соопштија дека повеќе од половината од загинатите мигранти биле деца, меѓу нив и три бебиња. Најголемиот дел од мигрантите биле Палестинци.
Бродот потоа потонал на околу еден километар оддалеченост од брегот. Капетанот, неговиот помошник и 43 патници успеале да се спасат. Според извештај на Си-Ен-Ен Турк на малиот рибарски брод имало 102 патници. Целта на бродот не е позната, но на потегот на кој се наоѓал, меѓу Турција и Грција, обично пловат бродови со мигранти кои сакаат да стигнат до ЕУ. Според првите изјави на спасените, тие сакале да стигнат до Велика Британија.