1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Депонија која уништува се’

Јан Ван Хаселт/Б. Георгиевски21 ноември 2012

Растворувачи, пестициди, медицински отпад, животински трупови. Овој токсичен отпад е опасен за животната средина. Една модерна германска депонија уништува се’ што не успеваат обичните.

https://p.dw.com/p/16hdA
Фотографија: SAVA/Remondis

Опасен отпад. Модерните општества секоја година продуцираат огромни количества од него. Медицински отпад, остатоци, пестициди.

Случај за специјални постројки како ЗАВА во Брунсбител во северна Германија.

Се’ што доаѓа во ЗАВА се проверува. Лаборантката проверува дали навистина е донесено она што е наведено во документите. Притоа ги проверува и вредностите, затоа што овој систем се загрева исклучиво со донесениот отпад.

„Ова ќе гори. Веќе мириса на разредувач“, оценува лаборантката Антониа Грисер.

Отпад од цел свет

Опасниот отпад кој се складира овде не доаѓа само од Германија. Брзорастечките и земјите во развој често немаат вистинска технологија за опасниот отпад.

Bildergalerie Sondermüllverbrennung
Фотографија: SAVA/Remondis

„Околу 99 проценти од отпадот кој го имаме тука доаѓа од индустријата. Тоа се материјали со високо ниво на сулфур и хлор кои не можат да изгорат во нормални услови, затоа што нормалните инсталации за согорување, како оние кои се користат за отпад од домаќинствата не можат да ги согорат“, вели Фолкер Штрумпел, хемичар во ЗАВА.

Лаборатијата ја одобри пратката. Камионите можат да се истоварат. Во вреќите се наоѓаат различни пратки. По прецизната анализа од лабораторијата, раководителот на кранот може да го распредели отпадот.

Тука се уништуваат и опасни течни материи, кои се јавуваат како остатоци од хемиската индустрија. Тие се пумпаат директно во силосите без да дојдат во контакт со околината. Високо токсичниот отпад во ЗАВА пристигнува во запечатени контејнери. Пратката се транспортира директно до печката.

Овде се постигнува температура од 1.100 степени целзиусови. Дури на оваа температура може да се биде сигурен дека сите штетни состојки ќе бидат уништени.

„Печката е благо накривена за отпадот најпрво да оди кон крајот. Потоа се придвижува роторот. Кога ќе се постигне температурата отпадот почнува да се топи или подобро кажано, да се распаѓа. И за време на вртењето, топлината рамномерно се распоредува“, објаснува раководителот на погон Бернд Андресен.

Отровниот чад- најголема опасност

Најопасен за околината е отровниот чад. Тој се прочистува преку еден комплексен процес на седум нивоа. Остануваат смет, гипс и талог, кои се користат при изградба на улици. Во огромните силоси се собира отровниот отпад, кој мора посебно да се обработи. Целиот процес се контролира од страна на државните органи, и тоа во живо преку размена на податоци.

Bildergalerie Sondermüllverbrennung
Фотографија: SAVA/Remondis

„Депонијата работи со најниски емисии на штетни гасови во светски рамки, односно под 50 проценти од просекот на државно ниво“, тврди шефот на ЗАВА, Мартин Кемлер.

Топлинската енергија која притоа се произведува се користи за производство на електрична енергија. Тоа е доволно за снабдување на целата централа, а дополнителните количества се користат и во јавната мрежа. Врвна германска технологија за чиста животна околина.