Ден на жалост во Белгија и Холандија
16 март 2012Владата информираше дека едноминутно молчење ќе се одбележи во 11 часот. А, и во соседна Холандија знамињата на владините згради ќе бидат спуштени на половина копје, бидејќи шест од жртвите се холандски државјани.
Во меѓувреме започна техничката проверка на остатоците од автобусот, а прва група повредени деца и нивни роднини рано утрово со белгиски воен авион пристигна во Брисел. Родителите претходно во тунелот, во кој се случи несреќата, положија свежо цвеќе. Дел од телата на загинатите деца, кои беа на 11 и 12 годишна возраст, пристигнаа претпрладнето во Белгија, а останатите треба да бидат транспортирани доцна попладне. Телата од аеродромот Сион ќе ги испратат претседателот на земјата и високи владини функционери.
Швајцарскиот полициски командир Кристијан Варон рече дека 19 од 28 тела се идентификувани. Швајцарските медиуми информираат дека возачот на авотбусот се обидел да вклучи ДВД плеер непосредно пред несреќата, што укажува дека можеби момент на невнимание е причина за трагедијата. Ова тврдење беше отфрлено од работодавачот на шоферот и беше окарактеризирано како шпекулација.
Автор: Александар Методијев /БГ/дпа/афп
Редактор: Симе Недевски