Денеска треба да заврши вештачењето за сообраќајната несреќа на Проески
22 октомври 2007Реклама
Македонија жали за трагичната загуба на Тоше Проески. Пеачот со ангелски глас, големиот хуманист, кој ја обедини не само Македонија туку и целиот Балкан. Македонските граѓани ќе го паметат Тоше Проески по своите великодушни особини и ангелскиот глас со кој ги освои срцата на сите. Верата во бога и односот со семејството за многумина се најголемите доблести на музичката ѕвезда, кои мора да се применат за мисијата на Тоше да не биде залудна.