1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска пресуда за Шкорпионите

10 април 2007
https://p.dw.com/p/AgFQ

Денеска во 12 часот во оркужниот суд во Белград треба да им биде изречена пресудата на петтемина обвинети од паравоената формација Шкорпиони за убиство на Бошњаци во Трново во 1995 година. Тие се обвинети за стрелање на шестмина муслимани од Сребреница кое се случило на 16 или 17 јули таа година. Процесот против нив започна кога летото 2005 година во хашкиот процес против поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, беше емитувана видео снимка на која се гледа егзекуцијата на жртвите. Само еден од обвинетите го призна делото и изрази каење за постапката.