1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во Франција

8 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6T

Во повеќе француски градови втора вечер по ред дојде до демонстрации, поради изборот на конзервативниот политичар Никола Саркози за претседател на Републиката. Демонстрантите се претежно млади. Тие палеа автомобили и контејнери за отпад. Безбедносните сили се напаѓани со камења и шишиња. Само во Париз полицијата упаси 100 лица. Протести имаше и во Лијон, Лил, Тулуз, Нан и Рен.