1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во САД против војната во Ирaк

28 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BxPB

Повеќе десетици илјади луѓе во САД демонстрираа против војната во Ирак. Протести имаше и во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сан Франциско, Бостон и Сиетл. Учесниците бараа веднаш да заврши војната во Ирак и да се вратат сите американски војници. Се зголемија и повиците за покренување на постапка за разрешување на претседателот Џорџ Буш од функцијата. Министерството за одбрана на САД, според сопствени извори секој месец троши 9,2 милијарди долари за ангажманот во Ирак. Од почетокот на интервенцијата во март 2003 година загинаа 3.800 американски војници.