1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилни демонстрации

АТ/ дпа/ афп /ртр1 декември 2013

Најмалку четири жртви и повеќе од 100 повредени: Насилството меѓу приврзаниците на владата, противниците и силите за безбедност на Тајланд се зголемува. Демонстрантите ја принудија премиерката на бегство.

https://p.dw.com/p/1ARJi
Фотографија: Reuters

Демонстрациите против владата на Тајланд сѐ повеќе стануваат насилни протести. Викендов се убиени четири лица, соопштија властите во главниот град на Тајланд, а повеќе десетици се повредени. Опозиционерите денеска (01.12) повторно се обидоа да навлезат во централата на владата. Полицијата употреби солзавец. На улиците се испратени и голем број војници.

Противниците на премиерката Јунгланг Шинаватра се обидуваа повеќе часови да ги срушат барикадите и да го пробијат силното обезбедување на зградата на владата. Силите за безбедност меѓутоа ги одбиваа нападите. Владата ги демантираше гласините според кои премиерката Јинглак Шинаватра избегала од земјата. Непознато е каде се наоѓа таа.

Денеска меѓутоа Шинаватра мораше да биде заштитена од разгневените демонстранти и да биде засолнета на безбедно место. Според податоци на соработници на нејзината канцеларија демонстранти навлегле во просторот на еден спортски клуб на полицијата, каде се наоѓала Јинглак. Таа го напуштила објектот и била пренесена на друго место.

Јинглак Шинаватра е сестра на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој во 2006 година беше соборен од власта поради обвинувања за корупција. Демонстрантите ја обвинуваат Јинглак дека била само марионета на брат ѝ, кој се наоѓа во егзил, и бараат нејзина оставка.