1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстративна поддршка за либанската влада

2 декември 2006

Со оглед на масовните протести на про-сириската опозиција во Либан, западните дипломати денеска ќе се обидат да му ја зајакнат позицијата на загрозениот премиер Фуад Синиора со демонтративни посети.

https://p.dw.com/p/Ac1G
Дали ќе биде доволна поддршката од Западот: либанскиот премиер Фуад Синиора.
Дали ќе биде доволна поддршката од Западот: либанскиот премиер Фуад Синиора.Фотографија: picture-alliance

Британската министерка за надворешни работи Маргарет Бекет наспроти тензиите во земјата уште вчера допатува во дводневна посета на Либан и има намера денеска да разговара со премиерот Синиора и претседателот на парламентот Наби Бери. Попладнево во Бејрут се очекува и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, кој вчера ја почна турнејата по Блискиот исток со посетата на Јордан.

Секако останува уште нејасно дали ќе може да се оствари средбата со либанскиот премиер поради блокадата на улиците во околината на владиното седиште во Бејрут. Околу 5.000 приврзаници на шиитската милиција Хезболах, што ги повлече своите министри од владата, вчера по големите улични демонстрации со барања за оставка на кабинетот на Синиора, останаа во шатори пред владата и најавија неограничена блокада.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер, кој се наоѓа на блиско-источна турнеја, предупреди од дестабилизирање на Либан:

“Тоа е за вкупниот развој во Либан вознемирувачка ситуација. Дестабилизацијата на земјата не смее да оди понатаму. Ние ја поддржуваме владата на премиерот Синиора колку што можеме и тоа ќе го ставиме јасно на знаење и при претстојната посета.“

Премиерот Синиора и претставници на САД оценија дека станува збор за обид за пуч, што е инсцениран од Сирија и Иран. Штајнмајер порача дека на подолг рок не може да си замисли стабилност на Блискиот исток без конструктивен став на сириското раководство:

“Така погледнато верувам дека Сирија ни треба на среден рок за да создадеме траен мир на Блискиот исток. Дали Сирија е подготвена за таква улога, тоа мора самата да реши“ - порача Штајнмајер, кој во рамките на блиско-источната турнеја остава простор и за посета на Дамаск.