Демократите отстапуваат пред Буш
23 мај 2007Реклама
Во спорот околу буџетот за војната во Ирак , претставниците на Демократите во Конгресот на САД попуштија пред американскиот претседател Џорџ Буш. Наспроти првичните планови во новиот предлог закон за буџетот , нема да биде одреден рок за повлекување на американските војници од Ирак. Буш на почетокот на месецот поднесе вето против законот за буџетот , кој содржеше таков рок. Иако Демократите имаат мнозинство во двата дома на Конгресот тоа не е доволно да му се спротистават на правото на вето што го има претседателот.