Дел Понте денеска во Белград
20 септември 2007Реклама
Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте денеска пристигнува во Белград . На средбата со српските официјални лица треба да разгледа соработката меѓу Србија и Трибуналот на политичко и оперантивно ниво, изјави пред посетата на Дел Понте на Белград нејзината претставничка Олга Кавран. Дел Понте по посетата, на барање на ЕУ ќе треба да состави проценка на соработката на Белград и да ја достави до Унијата.