Дел Понте во Белград
4 јуни 2007Реклама
Главниот хашки обвинител Карла Дел Понте денеска патува за Белград за да направи проценка на соработката на Србија со судот за воени злосторства. За време на четиридневниот престој Дел Понте ќе разговара со српскиот државен врв. Од канцеларијата на Дел Понте изјавија дека по враќањето од Белград таа ќе подготви извештај за соработката, по што се очекува и ЕУ да соопшти кога ќе продолжат преговорите со Србија за договор за стабилизација и асоцијација. Како позитивно се оценува тоа што Србија минатата недела го испорача во Хаг, Здравко Толимир, поранешен генерал во војската на Република Српска и еден од најблиските соработници на Ратко Младиќ, кој сеуште е во бегство.