Делегација на ДУИ во Брисел
11 септември 2006Реклама
Поради непочитувањето на волјата на Албанците, вели Али Ахмети, можат...
“...да се уништат и шансите на Македонија за евро-атлантската интеграција. “
Ахмети, како што вели, одлучил да ја прифати поканата за средба со премиерот, Никола Груевски, но доколку средбата би се одржала во Шипковица, во поранешниот штаб на расформираната ОНА. Ахмети предлага, покрај другото, да се разговара и за промена на уставот, за да “се гарантира дека партиите победнички од македонскиот и албанскиот блок ќе ја формираат владината коалиција“, како и за “гласање за владата според Бадинтеровиот принцип“.