1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Декларација за поддршка на името

Вера Тодоровска13 март 2008

Припадниците на македонското малцинство во Албанија, одлучија со мирен протест да ја искажат својата подршка за уставното име на нивната матична земја, Република Македонија

https://p.dw.com/p/DO14
Македонците во Албанија се против промена на иметоФотографија: AP

Името ни припаѓа нам на сите Македонци каде и да живееме по светот , вели Ефтим Митревски, претседател на Заедницата на Македонците во која членуваат петте здруженија на Македонците. Тоа е нашиот идентитет, нашата историја, нашето битие, и затоа нема никој право тоа да го менува, нагласува тој,

Според градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, каде на 24 март ќе се одржи најавениот мирен протест, за тоа донесена е едногласна одлука.

- Одлуката е донесена со општ консензус, на општината, невладините организации, здруженија, Партијата македонска алијанса за европска интеграција, за да се изрази подршката на Македонците кои живеат во Албанија, за непромена на името на Македонија, бидејќи името Македонија е поврзано со сите Македонци каде и да се , вели градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Темелко, кој е прв Македонец избран за градоначалник , најавува дека на мирниот протест на кој ќе биде прочитана декларацијата за подршка на името се очекува присуство на Македонци од сите делови на оваа земја. Дејларацијата вели тој веќе е доставена до македонското државно раквоство и до сите меѓународни организаци.