1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Девизни шпекулации

7 јуни 2005

Француското и холандското не за европскиот устав, каkо и слабите конјумктуни податоци од Европа, придонесоа да настрада курсот на еврото на светските девизни пазари. Дали политичкиот немир во Европа значи крај на моќта на еврото? Дали засилувањето на доларот е во согалсност со концептот на американската влада?

https://p.dw.com/p/AeOc

Девизните експерти во моментов како најголема проблематична зона ја посматраат Европа. Економскиот стручњак на „Глобал инсајт„ Нериман Беравеш вели:

„Одбивањето на уставот беше удар врз еврото кое покрај доларот се етаблира како водечка валута. Уште еден експерт, Џо Кинлан, вели дека исходот од референдумите во Франција и Холандија, освен тоа, ќе го запре ширењето на Унијата кон исток:

„Колку што е поголем европскиот колач, толку подобро за американските фирми кои радо би виделе проширување кон Турција или Украина„.

Меѓутоа, најновото засилување на доларот ќе биде краткотрајно, предвидува Беравеш:

„Гигантискиот близнак дефицит, значи големиот државен долг и нерамнотежата меѓу извозот и увозот во трговскиот биланс, повторно ќе го потиснат доларот во наредните 3 до 6 месеци. Колку што е поефтин доларот, толку е поефтин извозот, па тоа малку би помогнало за трговскиот дефицит„.