1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата за реформите во Германија

31 август 2004

Дописниците на странските весници во Германија со чудење ја следат дебатата околу реформите.

https://p.dw.com/p/AeQN
Таткото на реформите: Петер Харц
Таткото на реформите: Петер ХарцФотографија: AP

Германците повторно се незадоволни и веќе со недели илјадници излегуваат на улиците. Причина: сојузната влада планира од јануари идната година широки социјални и реформи на пазарот за работа. Како и претходните, така и ова четврта иновација го носи името на духовниот татко Петер Харц. Нарц 4 во прв ред предвидува спојување на социјалната и на помошта за невработеност. За погодените тоа звучи како ново големи скусување. Кај германските соседи пак, ваквите потези беа направени уште во 90-сеттите години. Понеделничките демонстрации влегоа во петтата рунда. Додека во Германија илјадници повторно излегуваат на улица со лозунгот “ние сме народот“, соседите на Германија оваа возбуда ја разбираат само до извесен степен. Странските дописници во Германија се едногласни дека никаде на друго место во Европа граѓаните не се толку добро обезбедени како во Германија, а Германците лелекаат на високо ниво. Бертран Бенуа е дописник на лондонски “Фајненшел тајмс“ до Берлин:

“Германскиот систем во споредба со сите други држави на Европа е прекумерно великодушен. Од следниот јануари веќе нема неограничено време да се добива помош за невработеност. Со тоа во Германија ќе бидат создадени исти услови како во остатокот држави во Европа“.

Германците се традиционално толку песимисти зашто во минатото постојано се потпираа врз државата. Поради историските услови, на Истокот повеќе отколку на Запад. Но, не само поради тоа животниот стандард во Германија е се уште висок, смета Бертран Бенуа:

“Луѓето постојано опстојуваа на тоа дека германската држава ќе се грижи за нивниот животен стандарад уште долго откако ќе останат без работа. Сега тоа ќе се смени. И секако сега имаат чувство дека ќе им биде одземена привилегија. Притоа не смее да се испушти од предвид и културната димензија на тоа чувство: Германците едноставно се научени дека државата им гарантира извесен животен стандард“.

Пјер Босеф исто така живее во Берлин и пишува за “Фигаро“. Тој гледа дека е тешко да се одржи високиот животен стандард. Пред се затоа што економската ситуација веќе не е иста како онаа пред 20 години. Според него, минато е времето кога Германија беше економскиот мотор на Европа:

“Германија еднаш беше економскиот мотор на континентот. Но, мислам дека тоа веќе не е случај. Страницата би можела да се заврти ако се зголеми порастот, но во моментов економскиот растеж во Франција е за малку подобар отколку во Германија. Франција никогаш не мораше да плати трошоци за повторно обединување“.

Тој додава дека француските политичари со внимание ги следат настаните во Германија. Пред се се восхитуваат на храбороста на канцеларот. Сепак, Босеф е сигурен дека во идеална ситуација реформите мортаат да бидат уште поостри. Неговиот колега Томас Лундин пишува од Бон за шведскиот весник “Свенска дагбладет“. Тој ја споредува ситуацијата во Германија со онаа во Шведска. Во деведесттите години на шведското население му се случи истата судбина. Меѓутоа, истоштетниот социјален систем можеше да биде спасен само така. Швеѓаните мораа да се соземат и да ги поддржат плановите на нивната влада:

“Шведска имаше своја Роуд меп што во моментов и недостига на Германија. Германската Агенда 2010 предвидува многу слични мерки какави што беа спроведени во Шведска и во многу други европски држави. Германија ваквите реформи во 90-сеттите добри години, ги оттурна. Сега мора да го направи она што многу европски држави, како Холандија, Шведска или Данска, успешно ги спроведоа“.

За да има резултат, реформскиот процес во Германија во наредните години владата и граѓаните мораат заедно да го носат. Шведскиот дописник го согледува ќорсокакаот во кој се наоѓа владата: населението е незадоволно:

“Проблемот на владата е што луѓето сега излегуваат на улици. Политички значи, тоа е доста експлозивна ситуација. За Германија тоа е и лош тајминг, зашто стопанството вистина е во лоша форма и итно бара повеќе растеж за да ги врати на работа невработените. Токму тоа и е потребно на Германија во моментов – растеж“!