1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДВ на македонски јазик со нови зафати

3 февруари 2012

Радио-програмата останува, иако во намален обем, засилена видео-продукција и интернет понуда - од 6. февруари и со нов изглед

https://p.dw.com/p/13wWZ
Фотографија: DW

Процесот на реформи во ДВ, со кои нашава куќа ги следи промените во медиумската сфера, се заокружува. За програмата на македонски јазик тоа значи постепено, иако засега не и целосно напуштање на радиото како медиум, пренасочување кон видео- и телевизиски формати, а интернетот останува цврст столб во нашата стратегија.

Од 1. јануари 2012 отпаднаа попладневните 15-минутни тематски радио-магазини. Останува Утринскиот магазин (08.30-08.45 часот, од понеделник до петок, преку Првиот програмски сервис на Македонското радио), во кој и натаму Ве информираме за најзначајните настани од ноќните часови и ги најавуваме темите на денот, анализирајќи ја заднината на случувањата. Се разбира, редовно имаме и теми од Македонија. Остануваат и пет пати дневно вести од по 3 минути (07.30, 09.30, 11.30, 13.30 и 15.30 часот, од понеделник до петок, преку Канал 77). Радио-програмата на ДВ и во иднина ќе можете да ја следите на досегашните фреквенции. Радио програмите на ДВ ќе можете да ги следите и преку мрежата од локални радио станици кои и досега ги пренесуваа нашите емисии, а тие и натаму ќе бидат емитувани и преку сателит.

Medienmarke DW
Фотографија: DW

Подготовката на телевизиски магазин, со прилози од различни области на општествениот живот во Европа и соседството на Македонија, е во завршна фаза. Него ќе го емитуваме кај нас на интернет, како и преку телевизиски партнер во Македонија.

Во сиве овие промени од аудио кон видео медиуми, интернетот останува константа во понудата на Македонската редакција на ДВ. Но, од 6.февруари тој ќе е со сосем нов, модерен лик. Ново е и логото на ДВ, како и интернет-адресата. Сега сме уште полесно достапни: www.dw.de/macedonian

Ни останува целта што си ја зададовме -секогаш да бидете добро и објективно информирани.