1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двојна победа на Германците во Монте Карло

СН/АТ/макфакс/миа26 мај 2013

Германскиот пилот од тимот на Мерцедес Нико Розберг, победи на трката за Големата награда на Монако, а веднаш зад него на подиумот се пласираше неговиот сонародник и актуелен шампион во Формула 1 , Себастијан Фетел.

https://p.dw.com/p/18eFk
Фотографија: Getty Images

Германецот Нико Розберг (насловна фотографија) е победник во шестата трка од Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Монако. Пилотот на Мерцедес до својата втора победа во кариерата стигна благодарение на остварената пол позиција, но и сигурното возење во текот на целата трка која поради бројните инциденти двапати беше прекинувана и неколкупати рестартирана со сигурносното возило.

На подиумот во Монте Карло, се искачија и возачите на Ред Бул, Себастијан Фетел кој заврши како втор и Марк Вебер кој беше трето пласиран.

Во генералниот поредок води Фетел со 107 бода, пред Кими Раиконен кој има 84 и Фернандо Алонсо 78.