1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Движењето „Окупирај“ го одбележа јубилејот со демонстрации

ЕМФ/дв/миа18 септември 2012

На одбележувањето на првата годишнина од основањето на движењето „Окупирај го Вол Стрит“ во Њујорк демонстрираа околу илјада луѓе. Има повеќе десетици упасени.

https://p.dw.com/p/16AmR
Фотографија: dapd

Учесниците на демонстрациите се собраа во парк во близина на берзата, кадешто движењето, кое е критички настроено кон капитализмот, настана пред една година. Сепак, протестите овој пат беа значително помали во споредба со тогаш. Полицијата имаше голем број свои припадници на местото на настанот и според сопствени наводи уапсила 135 лица. Голем дел од демонстрантите се обидуваа да влезат во берзата, но без успех. Тргувањето на берзата не беше попречено од протестите.

Демонстрантите упатија голем број барања, од она за зголемување на даноците за богатите и затегање на финансиската регулација, па се до забрана за нафтени ископувања на Аљаска и спасување на белите мечки.

Десет месеци камп на движењето „Окупирај“ имаше и во Франкфурт, пред седиштето на Европската централна банка. Кампот е растурен во август, по еден правен спор. Во времето на растурање на кампот таму се наоѓаа околу 80 луѓе. Градот го образложи растурањето на кампот пред се‘ со лошите хигиенски услови во него.