Две децении на Хашкиот трибунал
25 мај 2013
Мисијата на Трибуналот, меѓутоа, се' уште не е завршена, иако сите лица против кои е покренато обвинение се најдоа пред овој суд. Изречени се пресуди за 134 обвинети, 24 чекаат на изекување првостепена пресуда или одлука на жалбениот совет, а на последните тројца- Радован Караџиќ, Ратко Младиќ и Горан Гаџиќ- моментално им се суди. За да се завршат тие 27 останати постапки ќе бидат потребни уште неколку години работа на Хашкиот трибунал.
Овој биланс на прв поглед не е импресивен. Меѓутоа, треба да се земе во предвид дека обвинителството на Хашкиот трибунал ги насочи своите истраги кон масовните убиства и прогонства, мачења во логори, силувања и други насилства. Затоа покренатите обвиненија во судниците ги доведоа и шефовите на држави или влади, највисоките воени личности, министри и други високи, политички, воени и полициски функционери во Србија, Хрватска, БиХ, Македонија и на Косово.
Меѓу оние кои се веќе осудени и против кои се' уште се води постапка, според службените податоци на Хашкиот трибунал, најмногу се Срби, но, како што се наведува, „осудувачки пресуди се изречени на Хрвати, Бошњаци и косовски Албанци за злосторства сторени против Србите и припадниците од други националности (...) затоа што сите страни во конфликтите извршиле злосторства.“
Цел на остри критики
Среде тие околности Трибуналот речиси сите 20 години од постоењето беше цел на остри критики и тешки обвинувања за пристрасност и подложност на политички притисоци. Мора да се признае дека и за дистанциран набљудувач некои од одлуките на судиите од жалбениот совет- особено серијата ослободувачки пресуди по првостепената пресуда на повеќегодишна казна- предизвикаа, најблаго кажано, изненадување и сомнеж.
И покрај сите контраверзии и незадоволства, не може да се оспори дека Хашкиот трибинал две децении е институција од огромно и повеќекратно значење. Без него не би се собрале толку многу материјални податоци за војните на тлото на поранешна Југославија, никој од најодговорните учесници во војните не би бил изведен пред лицето на правдата. Во својата 20 годишна историја, Трибуналот придонесе за соочување со неодамнешното минато, им овозможи на жртвите да се искажат пред светската јавност, во низа пресуди да се постигне правда, да не се допушти да се негираат злосторствата или намалат, и во историјата на меѓународното право и историјата на Европа да се забележи како на тлото на поранешна Југославија- во Сребреница во јули 1992. година- „надвор од секакво разумно сомневање“ е сторен геноцид.
Неспорно историско значење
Доказите за тоа се ноѓаат во архивата на Хашкиот трибунал и ќе бидат на располагање на сите на кои им е важна историската вистина. Во текот на 20 години постоење, службите на Трибуналот собрале, обработиле и архивирале 9 милиони документи, кои, со транскрипти и видео записи од сите судења, во годините и децениите кои следат ќе бидат од непроценливо значење за натамошното беспоштедно соочување со минатото и утврдување на фактите во пишувањето на историјата за војните во поранешна Југославија.
За да може објективно да се започне со пишување на таквата историја, ќе биде неопходна поголема временска дистанца. Таа ќе биде потребна и за реална, праведна и научна заснована оценка на она што го постигнал Хашкиот трибунал. За двесет годишнината од неговото постоење искрено е да се каже дека покрај се' што би можело да му се префрли, неговата улога и значење се историски и меѓународно правно неспорни.