1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Да“ за уставните реформи во Мароко

2 јули 2011

На вчерашниот референдум во Мароко 98 проценти од гласачите се изјасниле во полза на реформите на уставот, предложени од кралот Мохамед Шести, соопшти министерството за внатрешни работи на Мароко.

https://p.dw.com/p/11nmF
Мароканците ги слават резултатите од референдумотФотографија: AP

Излезноста на вчерашниот референдум во Мароко изнесувала 73 проценти. Уставните промени за кои се гласаше предвидуваат ограничување на моќта на монархијата и предавање на дел од надлежностите во раководењето на државата на владата. Сепак кралот на Мароко останува врховен командант на вооружените сили, потоа смее да го распушти парламентот а го има и последниот збор за религиозните и правосудните прашања. Со реформите кралот Мохамед сака да избегне бунт како во другите северноафрикански земји. Протестите во Мароко меѓутоа досега не ги достигнаа размерите на демонстрациите во Тунис или во Египет на пример.

Автор: СН/ТТ/дв

Редактор: Трајче Тосев