1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ: Нема мнозинство за формирање влада

СН/АТ/миа2 јуни 2012

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ во Бања Лука изјави дека се уште го нема парламентарното мнозинство, кое ќе ја формира новата српска влада.

https://p.dw.com/p/156yl
Фотографија: picture-alliance/Photoshot

По разговорите со претседателот на Република Српска Милорад Додик, Дачиќ, чија поддршка во парламентот е решавачка за составувањето на идната влада, изјави дека владата треба да се формира брзо, но додаде дека треба да се знае кои ќе се нејзините приоритети.
Едно од важните политички прашања е односот кон Република Српска, рече тој и додаде дека „нема да влегува во влада во која ќе се зборува дека Република Српска е геноцидна творба“.
Запрашан има ли можност СПС да формира влада со Српската напредна партија на новиот претседател Томислав Николиќ, тој одговори дека социјалистите водат разговори со Демократската партија на Борис Тадиќ, но ако тие не дадат резултат, ќе разговара и со други политички опции, за да не дојде до нови избори.
Милорад Додик, од своја страна, изјави дека Република Српска ќе се спротивстави на учеството на Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ во новата влада бидејќи тоа би ја усложнило соработката меѓу институциите на Република Српска и на Србија.
„Не ни требаат луѓе кои лошо зборуваат за Република Српска и тоа е нашата порака кон сите други. Без двоумење ќе се разделиме од политиката на таквата влада. Ако на Србија тоа и е потребно, нека го донесе Чеда Јовановиќ“, рече Додик.