1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дачиќ во Косовска Митровица

ЕМФ/бета/миа15 ноември 2013

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска (15.11) е во посета на Косовска Митровица за да ги повика уште еднаш Србите да гласаат на повторените локални избори. Ќе се гласа во центрите каде избирачките кутии беа искршени.

https://p.dw.com/p/1AI7B
Фотографија: AP

Српскиот премиер вчера изјави дека не патува во Косовска Митровица за да доживее свечен дочек, туку за уште еднаш да ги повика Србија да гласаат на повторените избори што ќе се одржат во недела (17.11).

„Ако претседателот на Владата не е добредојден во северна Косовска Митровица, тогаш е тоа прашање над кое би требало да се замислат“, рече Дачиќ.

Во северна Косовска Митровица во недела ќе бидат повторени локалните избори во три изборни центри. Изборите во тие центри на 3 ноември беа прекинати околу 17 часот, откако во нив упаднаа маскирани лица и ги искршија гласачките кутии.

Kosovo Kommunalwahl 2013
Фотографија: DW

Српскиот премиер Дачиќ вчера, по повод повторените избори во северниот дел на Митровица, разговараше со шефот на мисијата на ЕУ во Косово- ЕУЛЕКС, Бернд Борхарт, по што оцени дека „мисиите ЕУЛЕКС, КФОР и УНМИК треба што подолго да останат во Косово за да го гарантираат мирот и безбедноста на сите граѓани и особено на Србите“.

„Ние сме против намалувањето на компетенциите и функциите на УНМИК, ЕУЛЕКС и КФОР, како што предлага Приштина, затоа што Србите немаат доволно доверба во органите на власта на Приштина“, рече Дачиќ.