Дарфур – Франција
29 мај 2007Реклама
Франција предложи да се отвори коридор за хуманитарна помош за жртвите од конфликтот во Дарфур. Според планот коридорот би минувал преку Чад, а би требало да го штитат меѓународни сили со мандат од ОН. Идејата ја изнесе францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер на маргините на министерскста средба на ЕУ и азиските земји во Хамбург.