Данска – тероризам
5 септември 2007Реклама
Шефот на данската тајна полиција Јакоб Шарф соопшти дека биле уапсени вкупно осум лица, кои одржувале врски со терористичката мрежа на Ал Каеда. Станува збор за лица на возраст меѓу 19 и 29 години, кои веќе подолго време планирале терористички напади. Шестмина од нив имаат данско државјанство, а потекнуваат од Авганистан, Пакистан, Сомалија и Турција. При координираната акција на полицијата во главниот град Копенхаген, бил пронајдено и одредено количество експлозив.