1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Данска повика на смирување на ситуацијата

6 февруари 2006

Данска ги повика арапските лидери да преземат мерки со цел да се спречи натамошната ескалација на насилствата предизвикани како реакција на Муслиманите од објавувањето на карикатурите со Мухамед.

https://p.dw.com/p/Ac9B
Симболика на конфронтациите: Данското знаме и Коранот
Симболика на конфронтациите: Данското знаме и КоранотФотографија: AP/DW

,, Данската влада апелира сите лидери, политички и религиозни во засегнатите зем,ји да го повикаат населението да се смири и да се воздржи од насилство. На нас е одговорноста да го избегнеме натамошното заострување на ситуацијата и да се вратиме на дијалог, изјави данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Молер.

Тој отворено се извини за навредата врз Муслиманите што ја предизвикаа карикатурите на Мухамед објавени во данскиот весник, а на кои пророкот е нацртан како терорист, со бомба на главата наместо турбан.

,,И нека биде јасно: Данската влада го цени Исламот како една од главните религии во светот. Владата немаше намера да ги повреди чувствата на Муслиманите и не поддржува такви активности“ посочи Милер и додаде :

,, Важно е дека ни стана јасно дека нема да добиеме ништо од овие конфронтации. Сите можеме само да изгубиме, бидејќи сега спорот е во рацете на екстремистите, фанатиците кои не прифаќаат дијалог на културите и соработка меѓу западните и муслиманските влади. Затоа ситуацијата е мошне опасна , бидејќи да се има работа со екстремисти е мошне погрешна насока“ рече данскиот шеф на дипломатијата Пер Стиг Милер.