1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали скандалот со НСА може да ги реши германските избори?

Кристијан Игнаци / Марта Таневска14 септември 2013

Многумина ја опишаа изборната кампања во Германија како здодевна. Но, скандалот со НСА нуди силна и контровезна тема за дебата. Како таа е вклучена во различните кампањи?

https://p.dw.com/p/19ee2
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Анонимноста не е криминал“, беше мотото под кое илјадници граѓани минатата недела се собраа во Берлин за протестите против надгледувањето од државата. Протестите се случуваа во екот на кампањата за германските сојузни избори. На демонстрантите им се придружија групи за заштита на податоците, и партии како Пиратите, Зелените, Лево ориентираните, и подмладокот на централните десничари Слободни демократи.

Асоцијацијата за смелост за дигитализацијна испрати еден од нивните претседатели на настанот, уметник со седиште во Билефелд кој го носи името „Паделун“. Уметникот не верува дека германските најголеми партии ќе го сменат текот на интернет политиката и покрај скандалот со НСА.

„Ова е само тактика за време на изборната кампања“, рече тој во интервју за ДВ. „Сите политичари знаеја од претходно што се случува со нашите податоци“.

Но, опозицијата гледа на аферата со НСА како клучно оружје против канцеларката Ангела Меркел и нејзината коалиција. Социјал-демократите (СПД), најголемите противници на Меркел, предводат со обвинувањата. Пер Штајнбрик, кандидатот за канцелар од СПД, ја обвини Меркел дека ја прекршила нејзината заклетва. Таа се заколна да го брани германскиот народ, вели тој, и обвинува дека германските уставни права се масовно прекршени.

Скандалот со НСА исто така се гледа и на изборните постери на СПД. Еден постер ја покажува канцеларката Меркел како бара нешто низ нејзината чанта, заедно со натпис, “Приватност: Непозната територија за Меркел?“, низ игра со зборови која упатува на исмеаниот коментар на Меркел дека „интернетот е непознато поле“.

Wahlplakat Piratenpartei Überwachungsskandal NSA
„Транспарентна политика наместо транспарентни граѓани“, пишува на овој плакатФотографија: imago

Партијата на зелените исто така ја има канцеларката на нивните изборни плакати. Таа се смее, а до неа има натпис кој вели: „Луѓето мислат дека не знаеме ништо за нив“.

„Заземи став“

Откако излегоа извештаите дека НСА наводно има пристап до податоците од смартфоните, опозицијата ја искористи шансата за да привлече внимание кон прашањето.

„Ако технологијата тоа го дозволува, најверојатно и се случува“, вели Томас Оперман, секретарот на СПД во парламентот. „Затоа е уште поважно сојузната влада да заземе став и да ги брани фундаменталните права на германските граѓани“.

Штефен Бокхан од Левицата се согласува и вели: „Германската влада треба конечно да направи еден сериозен разговор со владата на Соединетите Американски Држави. Ова не смее да се случува“.

Зелените нападнаа со сличен тон, барајќи од Европскиот парламент да спроведе истрага.

Меркел со зголемена воздржаност

Христијанските демократи на Меркел заедно со сестринската партија, ЦСУ, одговараат дека аферата со НСА нема голема поврзаност со Германија. Портпаролот за надворешна политика, Филип Мисфелдер вели: „Новите обвинувања се проблем на американската влада, НСА и производителите на телефоните. Ние немаме ништо со тоа во Германија, и не го гледам тоа како ново интензивирање на скандалот“.

Неговата изјава се совпаѓа со владиниот поглед на аферата - дека таа е нешто што е во минатото. Кога изби скандалот со НСА, портпаролите на Меркел реагираа дека шпионирањето е апсурдно и не смее да се случува помеѓу сојузници. Но, пред изборите таа остана повоздржана. Нејзината коалиција од ЦДУ/ЦСУ и ФДП го одби предлогот за пленарна дебата на темата шпонирање и тактики на надгледување.

„Тие сакаат да ја забошотат аферата, со тоа што не зборуваат за неа“, обвини Оперман.

Поделена влада

Но, ФДП тргна во друга насока од ЦДУ/ЦСУ. Истрагата не е завршена и обвинувањата за масовно надгледување на податоците на германските граѓани се’ уште не се целосно разрешени, вели Хартфрид Волф, кој ја претставува ФДП во парламентарниот комитет за супервизија кој ги надгледува разузнавачките служби.

Bundestagswahlen 2013 Wahlplakat CDU
Иако на почетокот реагираше за шпионирањето, Меркел пред изборите остана повозрджанаФотографија: John MacDougall/AFP/Getty Images

Германската министерка за правда Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер (од ФДП) вели дека САД мораат да дадат дополнителни детали за надгледувањето на податоците. Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер е прикажана на изборните постери со слоганот, „Слобода, не надгледување“.

Добивање на интензитет?

Според некои, аферата со НСА е благодет за инаку здодевната изборна битка. Политикологот Џејмс Дејвис вели за Дојче веле: „Оваа тема конечно ја разведри кампањата и се погрижи политичарите да зборуваат за надворешната политика“. Тој гледа предност во мислењето на ФДП и вели: „Тие долго имаат јасна позиција за темата со заштита на податоци и можат да профитираат од тоа“.

Политикологот смета дека Партијата на пиратите исто така има добивка. И покрај медиумиските сензациии со нивната дигитална платформа, тие долго не беа во состојба да заземат сигурна позиција кај гласачите за заштитата на податоци.

Кога станува збор за СПД, Дејвис верува дека рацете на опозицијата се врзани и покрај тоа што некои рекоа за ЦДУ дека е прекумерно претпазлива за решавање на скандалот со надгледување. „Покрај се’ СПД се договори за соработка помеѓу НСА и германската разузнавачка служба од владата на Шредер во 2002“, истакнува Дејвис.

Интересот на гласачите опаѓа

BigBrotherAward 2012
Паделун (лево) вели дека е разочаран од сите партииФотографија: picture-alliance/dpa

Џејмс Дејвис верува дека вистинските тактики за водење кампања, а кои се поврзани со аферата на НСА, можат да привлечат некои млади гласачи. Но, факт е дека оваа тема не е многу интересна за гласачкото тело.

Во најновата анкета за изборите спроведена од јавниот сервис АРД, надгледувањето од разузнавачките агенции е на последно место помеѓу другите шест теми за кампањата меѓу кои се и политиката на даноци, пензии, плати и услови за работа. Само 17 проценти гласале за проблемот како релевантен.

Дали надгледувањето е можеби апстрактна тема за избори? Поборникот за приватност Паделун од Асоцијацијата за смелост за дигитализација е разочаран од реакцијата на политичарите и вели: „Не знам за кого да гласам. Не гледам концепт зад работата на ниедна од овие партии“.