1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали повторно Сакашвили?

5 јануари 2008

Денеска во Грузија се одржуваат претседателски избори. Претседателот Михаил Сакашвили, според последите анкети, е фаворит.Како негов главен конкурент важи опозиционерот богаташ Гачешиладзе

https://p.dw.com/p/CkG2
Гачешиладзе е милијардер, Сакашвили „револуционер„. Кој ќе победи?Фотографија: picture-alliance/ dpa

Минати се времињата кога народот го славеше јунакот на таканеречената револуција на ружите, Михаил Сакашвили.

Тогаш, во зимата 2003, 36-годишниот Сакашвили дојде на власт кога, следен од неговите приврзеници, го избрка од парламентот Едуард Шеварнадзе. Меѓутоа, големата надеж на Запад, набргу се покажа повеќе како деспот отколку како демократ. Беа затворани опозиционери, затворани весници, а Сакашвили сакаше да ги смени изборните термини. Незадоволството кај народот растеше. Во ноември минатата година дестици илајди го блокираа парламентот во Тбилиси.

На револуционерот му се закануваше слична судбина како на Шеварнадзе. За разлика од него, меѓутоа, Сакашвили се потпре врз силата, прогласи вонредна состојба, а демонстрантите добија ќотек. Сликите го обиколија светот, а неговите симпатизери во Белата куќа беа лути. Под притисок на САД конечно се согласи на нови избори. Сега земјата се подготвува за предвремни претседателски избори, изјави Сакашвили. По укинувањето на вонредната состојба, граѓаните без никакво ограничување можеа политички да се активираат. Опозицијата меѓутоа, се пожали дека е спречувана во изборната битка. Освен тоа, се страхува дека државните службеници ќе мораат да гласаат за Сакашвили. Претседателот, кој сосема ја обнови тајната служба, ги има под своја контрола и повеќето од медиумите. Опозицијата го обвини дека е руски шпион. Изборната битка беше повеќе од валкана. Трговецот со вино и милијардер Леван Гачешиладзе важи за изгледен кандидат на опозицијата. Според него пак, на земјата и е потребна парламентарна демократија. Меѓутоа, не може да смета на своја страна да го има мнозинството од трите милиони гласачи. И покрај сите критики врз Сакашвили, неговиот економски биланс може да се види. Стапки на пораст од 10 проценти, а во Тбилиси и другите градови расте нова средна генерација. На сите страни се појавуваат нови трговски центри, банки и хотели. Кафулињата и рестораните се полни, по улиците се движат најнови луксузни западни автомобили.

Во внатрешноста пак, владее жестока сиромаштија. Во некои региони невработеноста достига и до 40 проценти. Разликата меѓу богатите и сиромашните е се поголема, а просечните плати достигаат до 60 евра месечно. Сепак, се чини дека Грузија економски напредува. Од тоа профитира Сакашвили. Иако му се претскажуваат загуби, би можел да добие нова шанса, но дури во вториот круг по 14 дена. Опозицијата страхува дека тој би можел уште поостро да настапи против политичките противници, па во случај на негова победа не се исклучуваат масовни протести.