1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Ирска ќе си ја заврши домашната задача?

Соња Шок/Зоран Јордановски31 мај 2012

Денеска во Ирска се одржува референдум околу европскиот фискален пакт, кој предвидува поголема меѓусебна координација на земјите од ЕУ во економската и финансиската политика. Ирците се соочени со егзистенцијален страв.

https://p.dw.com/p/154KG
Фотографија: dapd

Ирска веќе е под европска контрола: на крајот од 2010 година банките во таа земја беа спасени од финансиски колапс со кредит за спас во износ од 68 милијарди евра. Тоа досега не донесе вистинско опоравување на земјата.

„Го правам она, што го пропуштив како млад - кампувам“.

Сонот на семејството Кели за сопствен дом за стари денови пропадна - банката насилно ги исфрли од куќата. Со кредитот си ги преценија можностите, имаат долг од два милиона и не можат да ја отплатуваат хипотеката. Фирма за обезбедување се грижи веќе да не смеат да влезат во куќата.

„Протестираме во сопствен- и во интерес на сите Ирци, за вакво нешто да не се повтори“, вели Брендан Кели.

„Не е во прашање нашата финансиска состојба, туку начинот на кој бевме истерани“, вели Аста Кели.

Сите им должат на банките

Многумина таму сега се во иста ситуација како нив: речиси секој осми има проблем да го отплатува кредитот. Приватното задолжување на Ирците е највисоко во Европа - тие им должат на банките вкупно 280 милијарди евра.

Клиенти на советникот за должници Мајкл Калоти вообичаено се жители на вакви блокови со социјални станови. Но, од пред 4 години се’ почесто помош од него бараат и сопственици на станови. Кризата првенствено ја притисна средната класа.

Bank of Ireland
Фотографија: AP

„Кај нас сега доаѓаат клиенти кои инаку имаат добра работа и не зависат од социјалната помош. Тие имаат хипотекарни долгови - такви луѓе порано не доаѓаа кај нас“, објаснува Мајкл Калоти.

Многумина домашни експерти бараат на таквите да им се отпише дел од долгот. На конгрес во Даблин тие подготвија и предлог-закон. Но, ирската влада се колеба. И државата е високо задолжена и мора да штеди. Мерките на владата дополнително го оптоваруваат населението, вели Том Мекдонел, доцент по економија. Од почетокот на кризата државата заштеди 25 милијарди евра.

„Ирска ја спроведува терапијата - штеди, ги покачува даноците, ги скратува јавните трошоци. Невработеноста е висока, приватниот долг и хипотекарните долгови растат, сиромаштијата се шири. Тешко дека актуелнава стратегија е подобна како долгорочна политика“, вели Мекдонел.

Извозот најголема надеж

Надеж единствено влева извозното стопанство. Лани тоа силно напредна и по три години рецесија на Ирците им донесе извесен стопански пораст.

Но, во Ирска се води сметка за секој цент. Правните советувалишта секојдневно преговараат со банките, кои очекуваат нова лавина од кредити. Се стравува дека проблемите се поголеми, отколку што беше кажано, вели Ноелин Блеквел, раководителка на правно советувалиште.

Irländische Euromünze
Фотографија: picture alliance/dpa

„Ние би требало да знаеме ако банките се во тешкотии поради хипотекарните долгови. Ирскиот народ и Европската унија треба да ги знаат размерите на проблемот. Добро, банките се снабдени со пари и оценувани. Точни ли се анализите? Не сум сигурна“.

Психологот Марк Херолд постојано е соочен со егзистенцијални стравови, предизвикани кај луѓето од кризата. Тој честопати се прашува, зошто Ирците, за разлика од Грците, лутината не ја покажуваат на улица.

In der irischen Hauptstadt Dublin stehen viele Immobilien leer
Фотографија: Mary Phelan

„Можеби тој начин на резигнација, таа научена беспомошност, е дел од ирската психа. Ние се помиривме со ситуацијата и дека ништо не можеме да направиме, освен да ја поднесуваме бедата“.

Непомирливите тргнуваат по стапките на предците. Првенствено добро квалификуваните Ирци масовно бараат работа во странство.