1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали иднината на светската трговија е билатерална?

13 јули 2011

Регионалните и билатерални трговски договори се чини дека се во мода, меѓутоа стручњаците скептично гледаат на овој развој. Многу порадо би сакале да бидат исполнети целите од рундата преговори од Доха од 2001 година.

https://p.dw.com/p/11ofR

Светскиот трговски форум, која се одржа во ноември во 2001 година во главниот град на Катар си постави амбициозни цели. Членовите на Светската трговска организација имаа намера уште повеќе да ги отворат пазарите за земјоделските и индустриските производи, како и за услужните дејности. Освен ова требаше да се утврдат правилата за духовна сопственост, инвестиции, конкуренција и јавните набавки, царинските постапки да бидат поедноставени и правилата на светската трговија да се усогласат со заштитата на климата.

Секој на своја страна

Меѓутоа, веќе три години практично нема никаков напредок. Преговорите за инвестиции, конкуренција и јавните набавки се закопани, тивко и тајно, а по останатите прашања постојат големи недоразбирања меѓу земјите во развој од една страна и Европа и САД од друга страна. Земјите во развој имено бараат отворање на пазарите за земјоделските производи, додека Европа и САД се залагаат за поголемо отвoрање на пазарите за индустриските производи и услужните дејности. Обидот на Г20 да се постигне напредок во преговорите не донесе многу: „Се покажа дека само некои од Г20 државите се подготвени да преземат чекори, особено Кина и САД во моментов предизвикуваат застој“, вели Клаус Дојч од Дојче Банк Рисрч. Многумина од неговите колеги велат дека рундата преговори за стопански развој од Доха е мртва.

Angela Merkel in Davos
Ангела МеркелФотографија: AP

Во говорите на политичарите меѓутоа таа живее и понатаму. „Се наоѓаме непосредно пред целта. За остварување на оваа цел работиме веќе десет години. Ако годинава не успее, тогаш повторно ќе мине долго време кога ништо нема да се случува. Меѓутоа слободната трговија е основен предуслов за отворен, добар, силен и пазар кој блежи развој во светски рамки“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, во јануари на Светскиот трговски форум во Давос.

Мултилатералните договори имаат своја предност

Клаус Дојч смета дека во секој случај би се исплатело затворање на рундата стопански преговори од Доха: „Постојат различни проценки. Најдобрите проценки се движат во рамките од 300 до 800 милијарди долари, кој би се создале како дополнителни импулси за трговијата и импулси за светскиот трговски пораст во рамките на половина процент од остварувањата на светската трговија.“

NO FLASH Hauptsitz WTO in Genf Schweiz
Фотографија: AP

Меѓутоа и ваквите стимулси се чини не се гаранција за успех. „Тоа е за жалење оти трговската политика ја има предноста што не чини ништо, а може да донесе многу, ако сакате така, примања и вработувања да се создадат од ништо.“

Поради ваквата ситуација многу држави го губат трпението и веќе не се залагаат за меѓународно регулирање на пазарите под капата на СТО, туку полагаат во билатерални и регионални трговски договори. Ваквите договори се втор избор, смета Клаус Дојч: „Тие отвораат неверојатно многу работа. Договорот на ЕУ со Јужна Кореја опфаќа 1500 страници ситно исчукан правнички текст на Унијата. Неверојатно голема работа е сите овие работи билатерално да се преговараат и договараат, ако може исто толку добро да се постигнат во мултилатерални рамки.“

02.12.2008 DW-TV Made in Germany Welthandel6

Исто така и неговиот колега Јирген Матес билатeралните договори не ги смета за вистинска алтернатива за целите од Доха: „Не, тоа со сигурност не се, оти вака создаваме големо тенџере со шпагети, односно правила кои меѓусебе се преклопуваат и се’ повеќе билатерални договори. Џунгла во која речиси и да се нема увид, особено за малите и средни претпријатија, активни во експортот и секторот на трговијата, договорите се непрегледни и конечно ги зголемуваат трошоите.“

Ако пропаднат целите договорени на рундата преговори во Доха и бидат заменти со редица билатерални и регионални трговски договори, ни се заканува ерозија на целиот светски трговски систем, смета Јирген Матес од Институтот за германското стопанство.

Автор: Ролф Венкел/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски