1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Ел Масри ќе добие отштета од Македонија?

Тони Гламчевски27 јануари 2009

Дик Марти, известувачот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за илегалните активности на ЦИА во Европа, не верува дека тужбата на Ел Масри против Македонија ќе донесе резултати, исто како и во САД.

https://p.dw.com/p/GhGT
Европарламентарецот Дик МартиФотографија: picture-alliance/dpa

„Се сомневам дека тој ќе добие нешто во Македонија“, изјави швајцарскиот парламентарец Дик Марти и дополни:

„Случајот со Калед ел Масри е трагичен, со него се сретнав неколку пати. На почетокот никој не веруваше во неговата приказна, го сметаа за луд, со скандалозна кампања во печатот против неговата личност, денес тој психолошки е уништен. Но, ние докажавме, дека тоа што го раскажува е вистина.“- додава Дик Марти.

Германецот со либанско потекло е еден од најпознатите случаи за тајно, илегално пренесување и апсење на лица од страна на ЦИА, осомничени дека се терористи. Во граѓанската тужба, што сега тој ја поднесе во Македонија, Калед ел Масри бара отшета од 50. 000 евра поради тоа што нејзини агенти по грешка го затвориле и го малтретирале. Потоа тој им бил предаден на Американците, кои го однеле во Авганистан.

Американските судови претходно ја отфрлија тужбата на Ел Масри против ЦИА.

Во Стразбур е поздравена одлуката на претедателот Барак Обама за затворање на Гванатамо, со што САД се ставаат во согласност со конвенцијата од Женева за воени затвореници. Отсега според Стразбур, Европа и САД ќе можат заедно да ги здружат силите во нивната традиционална улога на застапници за највисоките норми на меѓународното право.

Поздравена одлуката за затворање на Гвантанамо

Парламентарното Собрание на Советот на Европа, преку својот претседател Луи Мариа де Пуч, побара од земјите членки на СЕ да ги прифатат невините затвореници од Гвантанамо, кои не можат да се вратат во нивните родни земји.

USA Guantanamo Zelle Wärter
Гвантанамо: добро е што ќе биде избришана една темна дамкаФотографија: AP

Американската администрација која сака да се врати на патот на правната држава, како што посакува најпознатиот европски парламентарец Дик Марти, сега треба да направи нов гест. „Претседателот Обама рече дека сака да се ангажира повеќе на мултилатерален план и да биде повеќе во хармонија со меѓународното право. Се надевам дека еден од неговите наредни потези ќе биде поднесувањето на Договорот од Рим за меѓународниот кривичен суд за ратификација пред Конгресот.“