1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Далај Лама одликуван во американскиот Конгрес

18 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bs5i

И покрај сите протести од Кина, американскиот претседател Џорџ Буш го одликува тибетскиот водач Далај Лама со највисок орден на САД. При одликувањето во американскиот Конгрес, Буш го нарече духовниот водач „универзален симбол за слободата и толеранцијата“. Истовремено, Буш ја повика Кина на отворен дијалог со духовниот водач на Тибет. Далај Лама во говорот истакна дека тие не бараат отцепување од Кина. Целта ни е автономија во рамките на народната република, изјави 72 годишниот Далај Лама, кого Пекинг го обвинува за сепаратизам.