1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г20 : Амбициозна политика за поголем економски раст

СН/емф/ртр/дпа23 февруари 2014

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на емјите од Г20 на состанокот во Сиднеј си поставија амбициозни цели за стопанскиот раст во наредните пет години.

https://p.dw.com/p/1BE41
Фотографија: Reuters

Земјите од Групата 20 најголеми светски економии, денеска (23.02), на крајот на министерскиот состанок во Сиднеј, изразија верување дека економскиот раст ќе биде зголемен на 2 проценти до 2018 година и ветија оти нивните централни национални банки јасно ќе ја соопшат својата монетарна политика. За се постигне оваа цел на иницијатива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), земјите од Г20 ветија дека ќе водат амбициозна, но и реална политика. „Ќе водиме амбициозна, но и реална политика за да го зголемиме економскиот раст за дополнителни 2 проценти во наредните 5 години. Тоа подразбира повеќе од 2.000 милијарди американски долари во реален рок, а тоа ќе овозможи и нови бројни работни места“, се наведува во заедничкото соопштение по состанокот на министрите за финансии од Г20. ММФ за оваа година предвидува економски раст од 3,7 проценти, а за 2015 година - 3,9 проценти.
Германија се воздржа да одреди точен процент на својот економски раст во заедничкото соопштение. Оваа иницијатива ја поддржаа Франција, Австралија, Велика Британија и ММФ. Г20 исто така одлучи да ја продолжи борбата против затајувањето данок, така што прифати „мерки за автоматска размена на даночни податоци“ кои ги предложи Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД). Овие мерки веќе ги прифатија 42 земји. Овој нов систем, воспоставен во 2013. година, стапува на сила на крајот на 2015. година.
Системот бара даночните управи во државите да ги дадат сите информации за финансиските средства на поединци кои живеат во таа земја или во странство. Тоа подразбира податоци за банкарски депозити, камати и други добивки, и тоа со цел да се спречи евентуалното затајување данок.

На состанокот на Г20 во Сиднеј учествуваа министрите за финансии и гувернерите на централните банки на 19 земји - Аргентина, Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Велика Британија, како и гувернерот на Европската централна банка.