1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките синдикати најавија протести за време на посетата на Меркел

СН/АМ/дпа/афп/мф6 октомври 2012

Германската канцеларка Ангела Меркел наредниот вторник треба да престојува во Атина. И додека за грчките политичари посетата е добредојдена, синдикатите најавија протести.

https://p.dw.com/p/16LWm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Наредниот вторник (09.10.2012) германската канцеларка ќе допатува во прва посета на Грција откако земјата длабоко заглави во спиралата на должничката криза. За време на посетата ќе се сретне со грчкиот премиер Андонис Самарас а како што најави портпаролот на германската канцеларка Штефан Зајберт главни теми на разговорите во Атина  ќе биде „ситуацијата во Грција, во еврозоната, актуелните меѓународни проблеми и билатералните односи меѓу двете земји“. Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека посетата на канцеларката претставува добра вест. Портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу пак истакна дека посетата ќе претставува екор напред кон решавањето на должничката криза во еврозоната.

Griechenland Generalstreik 26.09.2012
Синдикатите повикаа на демонстрации пред парламентот во АтинаФотографија: Reuters

„Посетата на Меркел е првата во последните пет години и е многу позитивна за зацврстување на билатералните односи. Тоа ќе претставува дополнителен чекор напред кон идните европски решенија“, се наведува во писмената изјава на портпаролот на грчката влада, Симос Кедикоглу.

И додека за грчките политичари посетата на германската канцеларка е добредојдена најголемите синдикати во земјата по повод информацијта за доаѓањето на Меркел во вторник во Атина најавија демонстрации пред грчкиот парламент во центарот на главниот град и тричасовно запирање на работата. 

Синдикатите во соопштение наведоа дека „работниците, пензионерите и невработените не можат повеќе да ја трпат казнената политика на Европската Унија“.