Грчките лидери, конечно, прифатија нови заштеди
2 август 2012Грчките политички лидери постигнаа договор за нови економски мерки во износ од 11,5 милијарди евра, побарани од меѓународните кредитори на Атина во замена за финансиска помош. Договорот бил постигнат по тричасовната средба на лидерите на владејачката трипартиска коалиција во Грција - Андонис Самарас, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис. Лидерот на ПАСОК Венизелос истакна дека Грција треба да побара повеќе време за постигнување на целите, кои се побарани од кредитниот договор, но засега ова барање останува настрана во интерес на земјата.
Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар ББ плус на ББ и ја стави под мониторинг оценката за земјата, за која епрогнозирана негативна перспектива
Агенцијата нагласува дека во оценувањето ќе гиземе предвид разговорите, кои кипарската влада ќе ги води со тројката меѓународни кредитори за пакетот финансиска помош за рекапитализација на банкарскиот сектор на островската држава.
„Очекуваме дека со една кредитна програма тројката ќе му помогне на Кипар при евентуалните натамошни банкарски загуби“, истакна „Стандард енд пурс“.
Финансискиот свет денеска со неизвесност ја очекува прес-конференцијата на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги на која тој треба да го соопшти најавуваниот сет-мерки за излез од должничката криза која ја зафати еврозоната.