Грчкиот премиер и идниот министер за финансии во болница
23 јуни 2012Реклама
Првиот човек на грчката влада Андонис Самарас по денешната (23.06) операција на очната ретина ќе остане во болница до утре. За состојбата на неговото здравје е најавена прес-конференција во текот на денот.
Новиот министер за финансии Василис Рапанос пак, во болница бил пренесен поради големи болки во долниот дел на стомакот, вртоглавица, потење и чувство на исцрпеност. Според приватната клиника кадешто е сместен, неговата состојба е „многу задоволителна“. Други детали за здравјето на 65-годишниот Рапанос не се дадени. Топ-банкарот беше номиниран за нов министер за финансии во четвртокот (21.06) и вчеравечер (22.06) требаше да положи заклетва на новата функција, но само неколку часа претходно заврши во болница.