1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчка трагедија без крај

ЕМФ/дв13 ноември 2013

Меѓународната Тројка го заострува тонот кон Грција. Грците се сѐ уште премногу бавни во санацијата на своите финансии, предупредува Брисел. Ако нема значителен напредок во реформите, нема да има ни пари!

https://p.dw.com/p/1AGI1
Фотографија: AP

„Доколку не биде постигнат поголем напредок, нема да има ни пари“, изјави висок претставник на еврозоната во Брисел. Финансиска помош за Грција ќе биде одобрена само доколку бидат реализирани важните реформи. Тројката, составена од претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, со владата во Атина се расправа околу „дупката“ од две милијарди евра која ќе се јави во буџетот во наредната година. Според владата во Атина, дупката ќе изнесува „само“ 500 милиони евра. „Грчките власти и Тројката се оддалечени милијарди милји во ставовите околу буџетската дупка за 2014“, изјави претставник на еврозоната додавајќи: „Нема придвижување.“

Меѓународните инвеститори, кои новите инспекции во Грција ги почнаа на 4 ноември, очекуваат, меѓу другото, напредок во реформите во јавниот сектор. Најновата посета на контролорите на Тројката беше повод за нови штрајкови во јавниот сектор во земјата. Се стравува од нови отпуштања и натамошно осиромашување. Во моментов, стапката на невработеност во земјата изнесува 28%.